Исклученото парно не ги обесхрабрува студентите да ги поминат ноќите во Автономната зона на Техничкиот факултет во Битола.

plenum-uklo2_620_350

И покрај ветувањето на деканот дека парното на факултетот нема да биде исклучено, од вчера немаат греење, соопшти вчера Студентски пленум – УКЛО.

Студентите и вечерва остануваат на Техничкиот факултет, но имаат потреба од ќебиња, грејни тела, душеци и подлоги за изолација на подот.

Упатуваат апел до граѓаните, поради ниските температури, да отидат и да донираат на Техничкиот факултет во Битола.

Слични содржини