Има пет години, а веќе плаќа кирија на мајка и

од desk2

Иако во декември наполнила пет години, малата Брук добро знае што се сметки, бидејќи секоја недела ја плаќа станарината кај нејзината мајка, струја, и останатите редовни трошоци.

Необична воспитна метода на нејзината мајка Есенс Еванс предизвикала бура од реакции на Фејсбук. Додека едни сметаат дека е “феноменална идеја” и дека девојчето ќе израсне во одговорна личност, други мислат дека децата сепак треба да се остават да бидат деца.

Мајка и објаснила дека секоја недела и дава на ќерката седум долари, од кои таа плаќа по еден долар за кирија, струја, вода, телевизија и храна. „На мојата Брук и остануваат два долара, која може да ги потроши на што сака“, вели мајката.

Есенс вели дека сака нејзината ќерка од мали нозе да научи како работите функционираат во светот и уверена е дека Брук еден ден ќе и биде благодарна за тоа.

Пет долари кои секоја недела ги “наплаќа” од керката, Есенс ги уплаќа на сметката на девојчето, кои пари ќе може да ги подигне кога ќе наполни 18 години.

Слични содржини