Има повредени по земјотресот во Јапонија

од Vladimir Zorba

Две лица се повредени по земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, што во неделата ја погоди јапонската префектура Нагано, пишува весникот The Japan Times.

Потресот бил регистриран околу 7 часот по локално време на длабочина 7 километри, а околу 9.24 часот бил почувствуван и вториот потрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала во истата област на околу 10 километри длабочина.

Властите прецизираа дека не се забележани никакви отстапувања кај нуклеарната централа “Шика”, која се наоѓа во соседната префектура Ишикава, кои во моментов нејзиниот прв и втор реактор остануваат исклучени.

Слични содржини