Имаат 14 сина, сакале ќерка

од desk2

 

Брачна двојка од американската сојузна држава Мичиген, кои имаат 13 синови, добија уште еден син.

Локалниот магазин Grand Rapids Press јави дека новото бебе на Џеј и Катери Шванд се родило во среда вечер пет дена пред терминот, а други медиуми наведуваат дека новороденчето е тешко 3.7 килограми и долго 53 сантиметри.

Таткото Џеј Шванд вели дека е среќен, и дека мајката и детето се добри, а името на бебето на е објавено.

Катери Шванд вели дека навикнала на големи семејства, бидејќи и сама доаќа од семејство со 14 деца.

Како и со претходните деца, тие не сакале да го знаат полот пред да се роди бебето, но посакувале девојче.

„Сакам овојпат да биде девојче, но мислам дека не ни е запишано во гените и во судбината“, вели Катери претходно за медиумите.

По 14-тото дете тие велат дека е доста и нема да имаат повеќе потомоци, туку ќе се посветат на одгледување на синовите.

„Мислиме дека тоа е тоа. Видовме дека девојчињата не ни се судени, но затоа уживавме во секој момент поминат со нашите синови“, велат среќните родители.

Семејството Шванд живее во Рокфорд, мичиген, а нивниот најстар син има 22 години.

Слични содржини