Некои бактерии кои се во цревата стари се 15 милиони години и постоеле многу пред луѓето да се појават на земјата и биле присутни насекаде, пишува Франс прес.

Image_5664855_126

Откритието, спроведено од научници од Универзитетот во Беркли, доаѓа како показател дека еволуцијата одиграла многу важна улога, отколку што се претпоставуваше досега, во градењето на цревната флора.

Овие бактерии дале придонес во првите стадиуми на развој на нашите црева, како се вклучиле во нашиот имунолошки систем во борбата против патогените бактерии. Микрофлората е способна дури да влијае врз нашето однесување и расположение.

Според коавторот на истражувањето Ендрју Молер, некои човечки цревни бактерии се директни наследници на оние кои живееле во внатрешноста на нашите заеднички предци мајмуните. Тоа доаѓа како показател дека кај нив постоел непрекинат континуитет, кој траел милиони години и датира од постанокот на африканските мајмуни.

Но и микрофлората се развивала во две различни гранки, кога пред 15,6 милиони години потомството на горилото се одвои од тоа на хоминиди. Втората големо поделба се постигна пред 5,3 милиони години, кога филијалата на луѓето се одвоиле од оној на шимпанзата.

За потребите на истражувањето биле споредени измет на шимпанзата и горилата, кои живеат во џунглите на Африка, со оние на луѓе од САД.

Слични содржини