Претседателот на движењето “Самоопределување” Висар Имери го обвини косовскиот претседател Хашим Тачи дека се однесува како да е “крал” на Косово, пренесува приштинскиот весник “Коха диторе”.
Според зборовите на Имери, постојат парвила кои налагаат на кој би требало да му се довери мандатот за да формира влада.
“Граѓаните го кажаа своето, па така ни Тачи ни било кој друг не може да го сопре ‘Самоопределување'”, истакна Имери.
Како што наведе, Демократската партија на Косово е во паника, бидејќи претрпе пораз, а нејзината политичка моќ е загрозена како и можноста за залупотреба на јавните пари и имот.
Затоа таа партија, заклучил Имери, сега е “ангажирана во кодошка кампања” против движењето “Самоопределување”.