Имобиле на секои 50 минути постигнува гол или асистира

од desk4

Фудбалерот на Лацио, Чиро Имобиле игра во одлична форма од почетокот на оваа сезона и е најзаслужен за добрите резултати на „лацијалите“.

Имобиле на осум натпревари во Серија А за 706 минути поминати на теренот, постигна 11 голови од кои еден хет-трик на средбата со Милан.

Во просек голгетерот на Лацио, постигнува по 1,4 погодоци по натпревар.

Имобиле има и три асистенции и ако се земат в предвид заедно со головите, тој на секои 50 минути или ја затресува противничката мрежа или асистира.

Слични содржини