Сите се за оставка освен ВМРО ДПМНЕ и неколкуте ситни нивни колиционери, ама  за импичментот треба двотреитнско мнозинство. Засега изгледа намерата ќе се задоволи само со расправа за „делото“ на претседателот  Иванов

грујо иванов

 

На иницијативата на пратениците на СДСМ за утврдување на одговорноста на претседателот на државата Ѓорге Иванов по донесувањето на аболицијата за 56 лица, досега се потпишале повеќе од 50 пратеници и тоа е доволно за да влезе во собраниска процедура, но го нема и потребното двотретинско мнозинство за успех, осносно за изгласување на отповикување импичмент за Иванов. Иницијативата е потпишана пратениците на СДСМ и на ДУИ. но за двотретинско мнозинство (82 гласа) недостасуваат и пратениците на другите партии и оние на ВМРО ДПМНЕ . Токму нивниот број  од 59 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ  покажува дека ова двотретинско мнозинство нема да биде постигнато. Сепак расправата и јавните пораки до оваа како велат срамна аболиција не му бегаат на Иванов.На  седницата претседателот на државата може да одговори и писмено или лично да се обрати пред пратениците.

Во меѓувреме демократите на Трајанов го нарекоа дрвен адвокат на ВМРО ДПМНЕ и му побраа неотповиклива оставка :

Во своето последно интервју за германскиот весник Франфуртер алгемаине цајтунг (ФАЦ), претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, најотворено се стави на страната на владејачката партија. Говорејќи за причините за длабоката политичка криза во земјата, Иванов за ФАЦ изјавил дека актуелната атмосфера на конфликт ја создало Специјалното јавно обвинителство, затоа што, според него, СЈО гони селективно само луѓе од владејачката партија. Ваквиот став на претседателот на државата, според Демократскиот сојуз, претставува чиста пропаганда и дополнително ја продлабочува кризата во Република Македонија, предизвикувајќи нови поделби меѓу граѓаните.

Уште поскандалозна е неговата изјава дека мафијата не треба да се бара кај владејачката партија, туку кај опозицијата, а директниот повод за секојдневните протести на Шарената револуција, Иванов го објаснува со зборовите: „Затоа што опозицијата не може да победи на избори, сега се труди на поинаков начин да дојде на власт. Тие се комунисти, тие никогаш не го прифатија плурализмот. Сегашната криза не е ништо повеќе од една етапа од стогодишната историја.“

Демократскиот сојуз смета дека со ваквите ставови дадени за странски медиуми, Ѓорге Иванов се стави во улога на ДРВЕН АДВОКАТ на ВМРО-ДПМНЕ и не само што отворено го негира Договорот од Пржино, туку и ги зголемува тензиите во Република Македонија. Иванов, со ова интервју потврди дека не е претседател на сите граѓани на Република Македонија и се стави на страната на владејачката партија, чие раководство е осомничено за злоупотреба на политичките позиции.

Поради аболицијата, но и поради субверзивно делување против сопствената држава и против нејзините граѓани, Демократскиот сојуз смета дека Ѓоргe Иванов не заслужува да биде носител на функцијата – претседател на Република Македонија и веднаш треба да си поднесе неотповиклива оставка, стои во соопштението на Демократскиот Сојуз

ДУИ исто така  писмено побара од Иванов да си го одржи зборот и да ја повлече одлуката за аболиција, бидејќи, сега, Собранието му ги овозможи законските услови за тоа. ДУИ очекува Иванов да постапи државнички.

Слични содржини