Во Скопје и Карадачкиот регион во раните утрински часови се одвива широка операција на македонската полиција.

Како што информира ИНА, неофицијални извори од селото Малино соопштуваат за операција на единици на МВР која започнала во раните утрински часови во селата Малино и Брест и дека тоа е голема полициска акција.

1_409772298 (1)

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Иво Котевски запрашан од новинарите ниту ги потврди ниту ги негираше информациите во врска со операцијата која се спроведува. Засега нема детали за тоа што се случува во оваа планинска област, која е изолирана од страна на повеќе полициски единици.
Жителите на селото Малино изразија загриженост во врска со широката полициска операција во нивното село.

“Ние сме опкружени со полициски сили. Тие се движат низ селото и куќите , селото беше полно со полициски транспортери, а исто така се забележани во околните планини. Сакаме да знаеме кој ги испрати, дали Али Ахмети ги испрати. Ова сакаме да го знаем “, рече жителот на ова село Ганимете Сали.

Таа вели дека досега не се слушнале истрели или престрелката. Но, стравот од жителите е евидентен.

“Полицајците се вооружени до заби. Хеликоптери летаат непречено. Најчесто се плашат децата, но стравот е присутен и на други жители”, додава таа.

Жителите велат дека полициската интервенција во ова село е непотребна.

“Досега се ‘се одвива без пречки. Засега нема сомнително движење. Ние сме луѓе кои се обидуваат да спечалат за малку леб, затоа што никој не се грижи за нашата судбина”, продолжува да зборува Ганиметесо треперлив глас, додека хеликоптерите летаат над селото , на границата меѓу Македонија и Косово. (ИНА)

Извор: Iliria news agency

Слични содржини