Претставници на Католичката црква во Хрватска се обидуваат преку партијата Мост да ја спасат Хрватската демократска заедница (ХДЗ) и нејзиниот лидер Томислав Карамарко, објави загребскиот портал Индекс, повикувајќи се тврдење на претстваник на Мост.

images

Според истиот извор, лидерот на Мост, Божо Петров веќе добил порака од црковни претставници во која му се сугерира неговата партија да формира коалиција со ХДЗ, а не со Социјалдемократската партија (СДП) на премиерот Зорна Милановиќ.

– Така сега почнаа и овие најнови игри. Знаеме дека Томислав Карамарко веќе разговарал со Петров, но ние не сме тука за да го спасуваме Карамарко или некоја друга партија. Ние сакаме рефоми и сакаме да направиме нешто, изјавил неименуваниот претставник на Мост за Индекс.

Според пораталот, главни лобисити за формирање на коалиција меѓу ХДЗ и Мост се францисканските монаси од Херцеговина, каде партијата на Карамарко има големо влијание.

Ваквиот обид за влијаните врз Петров се врзува со неговото минато, имајќи предвид дека како млад сакал да биде свештеник, но и со почетоците на неговиот политички ангажман, кога бил член на десничарската партија Хрватски развој (ХРАСТ), па од таму во ХДЗ се надеваат дека тој ќе се наклони кон „десната страна“ од политичкиот спектар.

Затоа, според Индекс, ХДЗ побарал лобистичка помош од Католичката црква, која не е наклонета кон влада предводена од левицата, Во прилог на тоа оди и вчерашната средба на Карамарко со загребскиот кардинал Јосип Бозаниќ.

Но, поголемиот број од членовите на Мост сметаат дека е сосема непотребно Црквата да се меша во формирањето на новата влада, вели истиот извор за Индекс.

Според него, во Мост веќе се создале две струи. Една околу Петров, која повеќе е наклонета кон десницата и која смета дека партијата би била „силен коректор“ во Саборот на една малцинска влада предводена од ХДЗ . Од друга страна струјата околу Иван Ловриниќ и Драго Пргомет, кој е поранешен истакнат член на ХДЗ, е повеќе наклонета на директно учество на Мост во владата, а дури и за преземање на премиерската функција.

Индекс наведува и дека во Мост владее се поостар судир меѓу членовите околу тоа дали воопошто треба да преговараат со другите партии, а некои дури биле лути поради тоа што за средбата на Петров со Какрамрко биле дури отпосле информирани.

Исто така, познато е дека Карамарко не разговара со некои од истакнатите членови на Мост, неведува Индекс, додавајќи дека еден од лидерите на Мост, Стипе Петрина дека го смета Карамарко за „олицетворение на злото“.

– Ние сме платформа, а не партија. Се разликуваме од другите и токму затоа ни е потребна поголема транспарентност, изјавил за Индекс еден од членовите на Мост.

Членовите на Мост оставаат впечаток дека тикму тие се најизненадени од успехот на изборите. Се чини дека мнозинството од нив не очекуваа тоа да се случи, туку мислеа дека ќе имаат само неколку мандати. оценува Индекс.

На изборите во неделата Мост освои 19 пратеници, со што стана клучен фактор од кој зависи дали идната влада ќе ја формира ХДЗ и СДП./МИА

Слични содржини