Индија ќе конфискува имоти на економски престапници кои ја напуштиле земјата

од Vladimir Zorba

Индиската Влада усвои предлог-закон со кој се овозможува конфискување имот, главно недвижности, на лица кои се обвинети за економски криминал и кои ја напуштиле земјата.

Властите донеле таква одлука на денешната седница, предводена од премиерот Нарендра Моди. Предлог-законот за да стапи во сила прво треба да биде одобрен од претседателот на државата Рам Нат Ковинд.

Предвидено е конфискуваните имоти да се стават на продажба.

Денешната одлука е поттикната од делото кое се води против „кралот на дијамантите“ Нирав Моди, сопственик на компанија за накит од Мумбај. Тој побегна на почетокот на годинава, кога против него е покрената судска постапка за измама и перење на пари во износ од околу две милијарди долари

Слични содржини