Индија лансираше ракета со 31 сателит

од desk2

Индија лансираше во вселената ракета со 31 сателит од кои седум припаѓаат на европски држави кои сакаат да прават снимки од Земјата со висока резолуција.


Поларното сателитско возила за лансирање (PSLV) во орбитата го понесе сателитот “Kartosat-2”, тежок 712 кг и уште 30 помали. Ракетата полета од Шрихарикота, во јуќниот дел на државата Андра Прадеш во 9.29 утрово по локално време.

Ракетата носи сателити на Индија и на 14 други земји, вклучително Австралија, Белгија, Литванија, Латвија и Словачка, во рамки на комерцијалниот аранжман на државната Организација за вселенски истражувања. (ISRO).

Премиерот Нарендра Моди го честита 40 –тото успешно лансирање и рече дека Индија е горда поради тоа.

Неговата администрација ја промовира вселенската програма како пример за висока технологија достапна по поволна цена.
ISRO во февруари лансираше 104 сателити во само една мисија, главно за странски муштерии.

Слични содржини