Базичната стапка на инфлација во септември забележа пораст од 0,5 отсто, наспроти падот од 0,7 отсто во август, што услови и забрзување на годишната стапка на пораст од 0,4 отсто во август на 0,8 отсто во септември, објави НБРМ.

prodavnica

– Гледано од аспект на структурата на базичната инфлација, септемврискиот пораст во најголем дел произлегува од повисоките цени на производите за одржување на домовите, тутунот (поради повисоките акцизи), облеката, како и од повисоките цени на угостителските услуги – се вели во извештајот на НБРМ.

Надворешните влезни претпоставки за 2015 година, коишто влегуваат во проекцијата на инфлацијата, се ревидирани во надолна насока.

Така, најновите проекции за цените на меѓународно тргуваните примарни прехранбени производи (изразени во евра) упатуваат на надолна корекција на очекуваните движења согласно со априлската проекција до крајот на 2015 година.

Имајќи ги предвид надолните отстапувања на остварената стапка на инфлација од проектираната во последните неколку месеци, како и надолната корекција на очекувањата за влезните претпоставки во однос на претпоставените во априлската проекција, ризиците околу проекцијата на инфлацијата за 2015 година се оценуваат како надолни.

 

META

Слични содржини