Инфарктни часови во германскиот дворец „Белви“: Претседателот се нафати да ја изведе земјата од политичката криза по колапсот на разговорите за состав на нова влада

од desk4

Претседателот на германската социјалдемократска партија (СПД) Мартин Шулц го потврди своето учество на средбата со шефот на државатаа на СРГ, Франк-Валтер Штајнмаер, откако претседателот се нафати рамо до рамо со тврдоглавите политичари да разговара и да ја изведе земјата од политичката криза во која навлезе по колапсот на коалициските преговори меѓу Унијата (ХДС / ХСС), Слободната демократска партија (СДП) и Зелениte.

Ова го соопшти националниот дневен весник Die Frankfurter Allgemeine Zeitung. Првично беше соопштено дека разговорот меѓу двајцата ќе се одржи в среда, 22 ноември, но пред медиумите Шулц истакна дека средбата ќе се одржи пред пладне и тоа во четврток.

По изненадувачкиот прекин на преговорите за составување нова коалициска влада на Германија претседателот Франк-Валтер Штајнмаер ја презеде во свои раце иницијативата за извлекување на земјата од политичката криза.

Најнапред на разговор во палатата Белви е поканет младиот лидер на слободните демократи – Кристијан Линднер, кој прв ја напушти масата за преговори во Берлин.

Средбата меѓу двајцата ќе се одржи во 16 часот (по локално време) и Штајнмаер ќе провери дали останале некакви надежи за составувањето на јамајканска коалиција.

Според информации, распространи во медиумите германскиот претседател ќе ги прими на разговори лидерите на зеленитеЗимоне Петер и Џем Оздемир.

По падот на коалициските разговори шефот на СРГ, Франк-Валтер Штајнмаер ги повика сите партии кои се во Бундестагот да преземат одговорност и да пројават волја за единство.

Изработката на владата е секогаш тежок процес. Задачата останува , истакна германскиот претседател во рамките на конференцијата, свикана во понеделникот по средбата со канцеларката Ангела Меркел.

Штајнмаер потсети дека според резултатите од изборите за Бундестаг во септември, партиите носат одговорност за иднината на Германија, која не може само така да биде вратена назад во рацете на избирачите.

Ова е момент во кој сите учесници треба да престанат и  повторно да се преиспитаат својот став, предупреди Штајнмаер, истовремено истакна дека сите партии треба да се посветени на каузата да служат на нашата земја. Во овој контекст тој се сврте кон лидерите на партиите со повик да овозможат формирање на новата германска влада.

Слични содржини