Информација за евентуални правни прекршувања за „Иловица“ до крајот на мај

од desk2

Државата се води од алармот што го покренаа граѓаните, но мора чесно да постапува и по закон, рече денеска премиерот Зоран Заев во врска со концесиите за рудникот „Иловица“.


Одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Годишната програма за вработување, Заев нагласи дека се работи за две паралелни постапки, а надворешни експерти се ангажирани за утврдување на правно-формалните аспекти. Информација за евентуални правни прекршувања на процедурата за дозвола за експропријација за „Иловица“ може да се очекуваат не подоцна од крајот на мај.

– Ако се потврдат какви било сомневања, експлоатацијата нема да се даде, а доколку се утврди дека се исполнети правно-формалните услови и согласно законот треба поинаку да се постапи, тоа ќе го сториме. Пред се се водиме од алармот што го покренаа граѓаните и од тука ги носиме одлуките, ние сме Влада на и за граѓаните, но не сакаме никогаш да испратиме порака за антагонизам, лош однос кон кој било инвеститор, напомена Заев.

Според него, надворешна експертиза врши проценка и правни консултантни треба да дадат независно видување за државата да биде покриена ако донесе одлука за раскинување на договорот.

– Можеме да бидеме тужени за 350, за 500 милиони евра ако направиме некоја грешка. Намерата не ни е да правиме грешка, ниту да нанесеме некому лошо, туку строго да го почитуваме и да постапуваме согласно законот, подвлече премиерот.

Слични содржини