На последниот ден од рокот за потпишување на иницијативата за спас на зеленилото во населбата Карпош 4, до 10 часот утринава, потпишани се 2.300 жители на Карпош. За акцијата да биде успешна, потребно е до крајот на денот да се потпишат вкупно 5.900 граѓани.

dik-karpos

На социјалните мрежи се појавија информации за постоење на два списоци, но вработени во Државната изборна комисија -Карпош, каде што се собираат потписите, појаснуваат дека тоа е еден список поделен на два дела за да не се прави метеж при потпишувањето.

– За инцијативата за спас на зеленилото на Карпош постои само еден список. За потпишувањето да оди побрзо, списокот го поделивме на два дела, но бројката е иста. Ако видиме дека има повеќе луѓе што чекаат, тогаш јас земам еден лист од списокот, а колешката друг – вели службеничка од ДИК – Карпош.

Иницијативата ја спореведуваат група граѓани од општина Карпош за да се запре процесот на донесување на деталниот урбанистички план (ДУП) за населбата Карпош 4, каде е предвидено да се изградат станбени објекти и паркиралишта на местото на дрвјата и на зеленилото. Според подносителите на иницијативата, целта на акцијата е враќање на деталниот план во фаза на анкета и на јавна расправа, за жителите да можат да учествуваат во одлуките на Општината.

Потпишувањето се одвиваше од 16 септември заклучно со денеска, во период од 8.30 до 16.30 часот, во просториите на Државна изборна комисија – Карпош во Козле.

Од понеделникот до денеска работното време е продолжено и жителите може да се потпишуваат до 18 часот.

 

META

Слични содржини