Подносителот на иницијативата за преиспитување на уставноста на Законот за помилување од 2009-та година, Ристо Китески во телефонски разговор  за Телма изјавил:

risto_kiteski_01-670x512

Штом сум ја поднел сметам дека е основана иницијативата за преиспитување на уставноста на Законот за помилување.

Ми смета што иницијативата доби политичка конотација, но јас немав таква намера со нејзиното поднесување и не очекував дека ќе се случат вакви работи.

Сметам дека оваа одлука е демократска, а крајно од правна гледна точка таа ќе овозможи секој сторител на кривично дело од областа на делата кои се опфатени со иницијативата да ги ужива со Устав загарантираните права.

И претходно и сега кажувам дека оваа иницијатива не е поврзана со актуелниот политички момент и отворањето на случајот Титаник од страна на СЈО во кој поранешни високи функционери се сомничат за изборни измами, како и дека тоа што делам иста канцеларија со правниот застапник на осомничени во овој процес е случајност, вели Ристо Китески за Телма.

Слични содржини