„Иницијатива за заедничка Македонија“: Одиме до крај!

од Vladimir Zorba

Демонстрантите од „Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија“ откако денеска насилно влегоа во Парламентот на Република Македонија, при што повредија 4 пратеници, припадниците на специјалните полициски едници ги истиснаа од собраниската зграда.  По истиснувањето, тие се огласија со соопштение на Фејсбук:

„Граѓаните ја одбранија демократијата и законодавниот дом! Остануваме пред Собранието, до конечна разврска. Народот покажа мудрост, трезвеност, не потклекна и соодветно одговори на провокациите.
Одиме до крај!“

Слични содржини