Иницијативата „За заедничка Македонија“ денеска со децата цртаат знамиња

од Vladimir Zorba

Деца цртаат македонски знамиња на настанот во организација на иницијативата „За заедничка Македонија“ во Градскиот парк во Скопје. Организаторите за денеска најавија музика, млади и позитивна енергија, оти , како што велат, така се сака Македонија.

Во организација на „За заедничка Македонија“ во Скопје и во градовите во Македонија четири недели се протестира против прифаќањето на, како што ја нарекуваат Тиранската платформа и за, како што велат, заштита на унитарноста на државата. За викендите нема протестни маршеви, туку се организираат музички или спортски манифестации.

Слични содржини