За минута и пол Русија успеа да си ги откупи назад нафтените и гасните средства вредни милијарди.

20150308.wwhdskqswk

Само за неколку дена Русија си ги откупи на евтино продадените нафтени и гасни средства кои се наоѓаа во рацете на западните финансиери. Сето ова се случи благодарение на девалвацијата на рубљата и на пазарот се појавија гласини дека акциите ќе паднат. Ова е една од најпознатите безпогрешни финансиски операции од кога постои берзата.

“Русија направи неочекуван потег со коњот” – пишува InSerbia. Според зборовите на изданието, благодарение на падот на рубљата Москва успеа да врати голем дел од средствата кои се наоѓаа во рацете на странски сопственици и успеа да освои 20 милијарди долари за само неколку дена.
До овој момент половина од сите приходи од продажбата на нафта и гас одеа не во руската каса, туку во финансиските ајкули од Европа. Поради кризата во Украина руската рубља нагло падна, но Централната банка не презеде ништо за да ја задржи.

Цените на акциите на руските енергетски компании паднаа сериозно и финансиските ајкули почнаа да ги продаваат додека не се обезвреднија сосема.

Путин цела недела чекаше и “само се смееше за време на прес-конференциите”, а кога цените на овие акции паднаа максимално, тој заповеда веднаш да се откупат средствата кои беа во Американците и Европејците.

“Кога финансиските ајкули сфатија дека ги лажеле, веќе беше многу доцна” – пишува весникот. И сега сите приходи од нафтата и гасот ќе останат во Русија, а рубљата ќе почне да расте и за тоа нема да биде потребно да се трошат златните и валутните резерви.

“Европските финансиски ајкули беа измамени: за минута и пол Русија успеа да си ги откупи назад нафтените и гасните средства .

Таква импресивна операција не сме виделе од моментот на создавањето на берзата “- пишува InSerbia.

Слични содржини