Институциите молчат за луксузирањето на државна сметка

од Vladimir Zorba
Јавното обвинителство и Антикорупциската комисија засега нема конкретен став за трошењата на екс функционерите на државна сметка, информира ТВ24.
Официјално од јавното обвинителство се уште нема информација кои институции до нив доставиле документи за трошења на државна сметка за лични потреби.
Неофицијално потребно е време да се одговори на прашањето бидејќи податоците ќе се прибираат од јавните обвинителства низ цела Македонија.
Антикорупциска неодамна најави дека чека документи за да утврдат дали постои основ за отворање на случај, но досега нема никаква реакција од оваа институција.
Од министерството за внатрешни работи каде што илјадници евра се потрошени на луксузни јадења го повикаа Државниот завод за ревизија да влезе во институцијата и да направи контрола на трошењето, за што веќе доставиле барање до оваа институција.
Во министерството за земјоделсдтво во тек е внатершна ревоизија, но оттаму додваат дека додека поранешните функционери трошеле пари од државата за лични работи, министерството го внеле во долгови кон меѓународните организации.
Освен што државните пари ги користеле како свои на вработените во министерството им биле испаќани и надоместоци за прекувремени часови работа.
„Додека не се плаќале чланарините во овие меѓународни институции, претходната гарнитура на министерството потрошила стотции илјади евра по основ на прекувремени часови на работа на вработените, а за голем дел од нив не е запазена законската процедура за најавување и следење на работата“ – изјави Љупчо Николовски, министерот за земјоделство.
Јавното обвинителство пак бара сите државни инетстуции што имаа сознанија за сторени кривични дела да ги достават документите. За објавите во медиумите, обвинителствата очекуваат писмено да бидат известени од страна на институциите кои ги имаат информациите.
Но и покрај наодите на државниот ревизор за трошењата во Министерството за образование каде 7 лица лани добиле вкупно 40.100 евра, засега не се огласи ниту Јавното обвинителство, ниту други надлежни институции.
Експерите по право велат дека секој  функционери што на било кој начин злупотребил буџетските пари за личен луксуз – мора да ги врати од свој џеб.
Според нив за овие случаи не треба да молчи ниту антикрупциската комисија, но и основното јавно обвинителство кое може да отвори истраги по допрен глас./ТВ24

Слични содржини