Edmond-Temelko

КРИВИЧНИОТ СОВЕТ НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ И КОРУПЦИЈА НА ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ I СКОПЈЕ, составен од Претседателот на советот судија Верка Петковска и членовите на советот судиите Ѓоко Ристов и Горан Бошевски, со судски соработник Биљана Наумоска, како записничар, постапувајки по жалбaта на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите НСК-Ко бр.1/15 од 13.02.2016 година, против решението на судијата на претходна постапка на овој суд КОК-ПП бр.42/16-7 од 12.02.2016 година, на нејавна седница одржана на 18.02.2016 година, согласно чл.294 ст.1 од ЗКП, го донесе следното:

Р Е Ш Е Н И Е

ЖАЛБАТА на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите НСК-Ко бр.1/15 од 13.02.2016 година, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.

РЕШЕНИЕТО на Судијата на претходна постапка во Основниот суд Скопје I Скопје КОК-ПП бр.42/16-7 од 12.02.2016 година, во т.I и т.II, СЕ ПОТВРДУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите поднесе предлог НСК-Ко бр.1/15 од 12.02.2016 година, за определување на мерка притвор против обвинетиот Е. Т., поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Злосторничко здружување од чл.394 ст.2 од КЗ, кривично дело Повреда на избирачкото право од чл.159 ст.1 в.в. со ст.1 в.в. со чл.24 в.в. со чл.45 од КЗ и кривично дело Поткуп при избори и гласање од чл.162 ст.1 в.в. со чл.45 од КЗ, а поради постоење на причините предвидени од чл.165 ст.1 т.1, 2 и 3 од ЗКП. Судијата на претходна постапка на овој суд донесе решение КОК-ПП бр.42/16-7 од 12.02.2016 година, со кое под став I предлогот за определување мерка притвор на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите НСК-Ко бр.1/15 од 12.02.2016 година, го одбил како неоснован. Со истото решение под став II спрема обвинетиот Е. Т., определена е мерка на претпазливост – Обврска на обвиентиот да се јавува во просториите на Основен суд Ресен секоја среда почнувајки од 17.02.2016 година, во 10,00 часот, која ќе трае додека постои потребата од истата, а најдолго до правосилноста на пресудата. Во став III од решението постапувајки по службена должност е утврдено дека лишувањето од слобода на Е. Т., доведен во судот на 12.02.2016 година, во 12,15 часот, пред судија на претходна постапка на 12.02.2016 година, во 16,40 часот, е законито, со службена белешка за лишување од слобода од МВР СВР Битола, ПС од ОН Ресен, под број 29.5.5-3/5 од 12.02.2016 година, и решение за задржување на лице од МВР СВР Битола ПС од ОН Ресен бр.29.5.5-3/5-2 од 12.02.2016 година.

Интегрално РЕШЕНИJATA за одбивање на притворот на Јанкуловска и Јанакиески

Незадоволно од ваквото решение, во законски предвидениот рок, Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите до Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при овој суд достави жалба заведена под НСК-Ко бр.1/15 од 13.02.2016 година, против т.I и т.II од решението на судијата на претходна постапка на овој суд КОК-ПП бр.42/16-7 од 12.02.2016 година. Во жалбата е наведено дека Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите спроведува истражна постапка против осомничениот Е. Т. и други, поради постоење на основано сомневање дека сториле кривични дела и тоа дека осомничениот Е.Т. сторил кривично дело од чл.394 ст.2 од КЗ, кривично дело од чл.159 ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл.24 и в.в. со чл.45 од КЗ и кривично дело од чл.162 ст.1 в.в. со чл.45 од КЗ, како и тоа дека по оцена на Јавниот обвинител, а заради непречено водење на постапката, против осомничениот во оваа фаза на постапката потребно е да биде определена мерка притвор, поради што до судот и бил доставен предлог за определување на мерка притвор спрема осомничениот, а поради постоење на причините предвидени во чл.165 ст.1 т.1, 2 и 3 од ЗКП. Постапувајќи по предлогот, судијата на претходна постапка донел решение со кое истиот го одбил, а под т.2 од истото спрема осомничениот определил мерки на претпазливост и тоа обврска на осомничениот да се јавува во просториите на Основен суд Ресен, секоја среда почнувајки од 17.02.2016 година во 10,00 часот, кои мерки би траеле додека постои потреба, а најдолго до правосилноста на пресудата. Се наведува дека по наоѓање на обвинителството, судијата на претходна постапка погрешно ја утврдил фактичката состојба по однос на постоење на причините за изрекување на ваквата мерка. Дека судијата на претходна постапка со наведување на причините во образложението на решението си ја превзел улогата на судечки судија и констатирал дека осомничениот не превзел дејствија во создавање на група или банда, односно не нудел, давал, или ветувал подарок, или друга корист, со намера да придобие лице со избирачко право, а спротивно на тоа констатира дека постои основано сомневање дека осомничениот ги сторил дејствијата кои им се ставаат на товар поради што потребно е да се обезбеди негово присуство поради што и му определува мерка на претпазливост, па се поставува прашање што ќе се добие во постапката, ако осомничениот се јавува во Ресен во среда. Судот само создал некакво алиби за одибвање на мерката притвор која што во овој случај бил должен да ја определи, со оглед дека се работи за … на општина во друга држава, и истото е прв пример во учебниците по процесно право за постоење на основна опасност од бегство. Со оглед дека е … на П., од каде се најголем дел од лицата кои што извадиле незаконски лични карти, укажува на тоа дека постои опасност од негово влијание врз сведоците, кои сеуште не се испитани, а исто така постои и висок степен на опасност од повторување на делата, затоа што осомничениот познава најголем дел од лицата на кои што незаконски им биле издавани лични карти во РМ и кои гласале, а воедно е и директен организатор на врбувањето, поткупувањето и носењето на лицата од П. на гласање во РМ, и тоа во повеќе наврати. Поради наведеното се предлага Кривичниот совет да ја уважи жалбата на обвинителството и решението на судијата на претходна постапка да го преиначи на начин што на осомничениот Е. Т. ќе му определи мерка притвор, поради постоење на причините предвидени во чл.165 ст.1 т.1, 2 и 3 од ЗКП.

Обвинетиот Е. Т., преку неговите бранители адвокат Никола Додевски од Скопје и адвокат Љубчо К.Наумовски од Охрид, до Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корпција при овој суд доставија одговор на жалба. Во одговорот на жалба е наведено дека неосновани се жалбените наводи во поднесената жалба на обвинителството. Неосновано се напаѓа решението како незаконито, односно дека судот погрешно ја утврдил фактичката состојба, со оглед дека истиот правилно постапил кога го одбил предлогот за изрекување на најтешката мерка против осомничениот.Дека неоснован е жалбениот навод дека судот бил должен да определи мерка притвор а пред се бидејќи Република Македонија долго време е критикувана од Меѓународната заедница, од Европскиот суд за човекови права токму поради честото определување на мерката притвор, која по барање на обвинителството судот и ја изрекувал. Се наведува и дека осомничениот е вработен како … на Општина П., точно е дека излегува од Република Македонија, но точно е и дека се враќа во Република Македонија, каде што неговата фамилија живее, па истиот нема основ за бегство, а и при приведувањето е затечен во неговиот дом во Р., што значи живее во Република Македонија. Осомничениот не е затечен во извршувањето на делото, не се криел, ниту се криел, и уредно ќе се јавува на закажаниот термин во Основниот суд во Ресен, што значи дека не постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, а обвинителството со ниту еден доказ не го убеди судот дека нивниот предлог е основан. Исто така осомничениот можел да врши влијане на сведоци со оглед дека поминал долг временски период и немал пречка да го стори тоа, ниту постои основан оправдан страв дека ќе го повтори делото. Поради наведеното се предлага Кривичниот совет жалбата да ја одбие како неоснована, а решението на судијата на претходна постапка да го потврди.

Кривичниот совет по извршениот увид во списите на предмет КОК-ПП бр.42/16, најде дека:
Жалбата е неоснована.

Постапувајки по повод жалбата, советот ја ценеше одлуката на судијата на претходна постапка на овој суд со која предлогот на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите НСК-Ко бр.1/15 од 12.02.2016 година, за определување на мерка притвор против обвинетиот Е. Т., поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Злосторничко здружување од чл.394 ст.2 од КЗ, кривично дело кривично дело Повредна на избирачкото право од чл.159 ст.1 в.в. со ст.1 в.в. со чл.24 в.в. со чл.45 од КЗ и кривично дело Поткуп при избори и гласање од чл.162 ст.1 в.в. со чл.45 од КЗ, а поради постоење на причините предвидени од чл.165 ст.1 т.1, 2 и 3 од ЗКП, го одбил како неоснован, и смета дека истата е оправдано донесена.

Советот смета дека во конкретниот случај, судијата на претходна постапка при овој суд правилно постапил кога утврдил дека не постојат основите за определување на мерката притвор предвидени во чл.165 ст.1 т.1, 2 и 3 од ЗКП, односно не постои оправдан страв дека обвинетиот ќе се даде во бегство доколку биде пуштен да се брани од слобода, не постои оправдан страв дека ќе ја попречува постапката со влијание на сведоци, ниту постои оправдан страв дека ќе ги повтори кривичните дела, поради што и предлогот на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите НСК-Ко бр.1/15 од 12.02.2016 година го одбил како неоснован.

Имено, советот цени дека во конкретниот случај не постои основот од чл.165 ст.1 т.1 од ЗКП. Точно е дека обвинетиот Е.Т. има двојно државјанство, и тоа државјанство на Р М. и Р А., како и тоа дека истиот постојано патува во П., Р А.а, каде што ја врши …функција, меѓутоа по наоѓање на Кривичниот совет, во конкретниот случај не постои оправдан страв од бегство на обвинетиот, ако се има во предвид фактот дека неговото патување на територијата на Р А. е поврзано со вршењето на неговата функцијата … на П., а кое нешто упатува на фактот дека напуштањето на територијата на Р Македонија на обвинетиот не е со намера да бега и да се крие. Советот посебно во предвид ги имаше и фактот дека потесното семејство на обвинетиот како и обвинетиот имаат постојано место на живеење на територијата на Р М., односно во градот Р., кое нешто се утврди од приложените докази во списите на предметот.

Во однос на постоење на основот за определување на мерка притвор предвиден во чл.165 ст.1 т.2 од ЗКП, Советот смета дека судијата на претходна постапка правилно утврдил дека во конкретниот случај не постои опасност од влијане на сведоци. Имено советот смета дека се испитани сведоци и се прибавени материјални докази, а во текот на истрагата ќе се прибавуваат и други материјални докази од надлежни државни органи а врз основа на кои објективно обвинетиот не може да влијае.

Исто така Советот цени дека во конкретниот случај не постои ниту основот од чл.165 ст.1 т.3 од ЗКП, или како што е наведено во предлогот за определување мерка притвор дека постои основан страв дека обвинетиот ќе продолжи со истите кривични активности, пред се имајќи го предвид својството на обвинетиот дадено во предлогот за определување мерка притвор, а тоа е дека е …. на политичка партија во Р. А..

Имајќи го предвид погоре наведеното Советот согласно чл.294 ст.1 од ЗКП, одлучи како во изреката на ова решение.

 

Слични содржини