ИНТЕГРАЛНО : Што им порача вчера Хан на Груевски,Иванов и сите кои протестираат !

од Vladimir Zorba

„Ние денеска остваривме средба со претставници на парламентарните партии. Ние потврдивме многу јасно дека сите лидери на земјата, вклучувајќи го и претседателот, сега мора да ги почитуваат резултатите од последните избори. Во една демократија, секој мора да го признае парламентарното мнозинство“, се вели во соопштението од Европската Комисија по разговорите на еврокомесарот Јоханес Хан со челниците на партиите во Македонија и вчера водените разговори .

„Затоа, ние го охрабруваме претседателот  итно да ја преиспита својата позиција  Нема време за губење. Сега очекуваме од сите политички лидери и институции да ги следат  демократските  процеси   – во интерес на граѓаните на земјата. Одложувањата во  изминатите месеци веќе направија штета врз економијата на земјата. Ние повикуваме  на брзо формирање на новата влада посветена на спроведувањето на заостанатите реформи. Партиите и новата влада се очекува да продолжат  со спроведувањето на сите делови од договорот од  Пржино.

Особено, ги повикуваме сите чинители  да се воздржат од какви било активности и изјави кои би можеле да  разгорат меѓуетнички тензии или  да ги поткопаат  добрососедските односи. Никој не треба да биде во искушение да си игра со оган. Длабоко сме загрижени за тензии и говорот на омраза. Се гарантира слободата на собирање и слободата на изразување  на протест, тоа се основни права во демократските општества, но тие доаѓаат и со одговорности, на тие кои протестираат.

Во иста насока, негативната реторика насочена кон меѓународната заедница и граѓанските организации е сосема контрапродуктивна. Тоа ја поткопува позицијата на земјата на меѓународен план, и за кредибилитетот на оние кои го користат.

Како заклучок, ние треба да видиме во следниот дена сериозно и одговорно државништво од страна на релевантните институции за да се овозможи брзо формирање на нова и цврста коалиција. Тоа е единствениот начин за враќање назад на патот кон ЕУ – што е она што го сакаат вашите граѓани и заслужуваат.“, се вели во заедничкото соопштение на еврокомесарот Јоханес Хан и европратениците Едвард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл, кое се наоѓа на страницата на ЕК

Слични содржини