На специјализирана мапа на „Гугл“ означени се пункотвите на кои може да се донира помош за погодените подрачја од поплавите и од невремето.

Screenshot-132

Мапата ги прикажува и прифатните центри и центрите за укажување помош на граѓаните на кои им е потребна.

Апели за донации на храна, вода, волонтери и секакви информации околу поплавените подрачја граѓаните можат да најдат и на социјалната мрежа „Фејсбук“ во групата „Хуманитарна помош за поплавените семејства во Скопје.

Администраторите на групата се организирани со дежурства и за логистика, давање помош, обезбедување контакти за итно интервенирање и повикување на надлежни институции, теренски активизам итн. Се работи во смени, поради потребата и од теренска активност во којашто активно учествуваат и администраторите и модераторите на групата. Во групата 24 часа има достапен администратор или модератор.