Интересни факти за лимоните

од Vladimir Zorba

Бармените обично ставаат парче лимон во чашите со пијалак за повеќе вкус. Децата пијат чај со лимон, за да бидат здрави, а многу од луѓето го консумираат, за да го прочистуваат организмот, да го зголемат имунитетот и со цел слабеење.

Лимонот има толку многу корисни својства за организмот, што ние сме навикнати да го користиме често во секојдневниот живот како додаток на храна или пијалак.

foodpanda избра некои интересни факти за него.

Името доаѓа од азискиот збор за “кисел плод”.

Се смета дека се одгледува за првпат по Медитеранот.

Дрвјата лимон можат да раѓаат по 600 килограми лимони на година.

Сокот од дрво стигнува до 20 стапки височина.

Калифорнија и Аризона произведуваат 95% од целата светска жетвата лимони.

Денес, британската флота бара сите бродови да носат доволно лимони, па секој морнар да може да пие по една чаша сок од лимон на ден.

Во просек еден лимон содржи осум семиња и три лажици сок. Има приближно петнаесет калории во секој лимон.

Лимонската киселина делува антибактериски.

Лимоните биле таква реткост што царевите во минатото ги користеле како скапоцен подарок.

Лимоните се користат во козметиката за лице и коса. Богатите Викторијанци садат лимони, за да покажат класа и престиж.

Во февруари и март во различни градови на француската ривиера се организира фестивал на лимони.

Најприкладното јадење за овкусување со лимон е рибата.

Слични содржини