fef24973948be27b8213d62a063919ff

Единиците на сириските вооружени сили, заземајќи позиции во реонот на селото Мухејм-Хандрат, провинција Алепо, во текот на два часа ги одбиле нападите на терористичката група “Џабхат ан-Нусра”, пренесува Интерфакс, повикувајќи се на информации на рускиот Центар за помирувањето на завојуваните страни во сирискиот конфликт.
“Обидот на терористите да остварат пробивање на одбранбените линии на владините сили е пресечен. Терористите претрпеа големи загуби “, гласи пораката на Центарот.
“Во провинцијата Алепо, со рачно артилерија и минофрлачи се гранатирани областите Шеик-Максуд, Мејдани, Ал Халид, Ен Нејраб и населбата Хандрат. Бомбардирани се и терористите исто поставени во населените пунктови Раша, во провинцијата Латакија, Хауш-Харабу во провинцијата Дамаск и аеродромот во провинцијата Хама “, се вели во соопштението

Слични содржини