Интерпелација и за министерот Алаѓозовски

од desk2

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието на Република Македонија поднесоа интерпелација за работата на министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

Претничката Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ во изјава во Собранието обвини дека веднаш по назначувањето на Алаѓозовски на функцијата министер во земјава има тренд на уназадување на културата и културниот развој, преку, како што рече, преземање на голем број иницијативи во насока на партизација на културата, селекција и дискриминација на уметниците и културните дејци, не водење грижа за културното наследство, запирања на сите капитални инвестиции во културата,…

-Во изминатиот период, сведоци сме на незаконско разрешување на професионалци во институциите од областа на културата и вдомување на партиските послушници во Министерството за култура. Мораме да потенцираме дека ребалансот на Буџетот и кратењето на средствата во културата се најеклатантен пример за тоа колку Владата на СДСМ и министерот Алаѓозовски немаат никакво чувство на припадност, никакво чувство за култура и за културните и уметничките вредности, за нашето непроценливо културно наследство кое го поседуваме и кое е еден од главните атрибути за препознатливост на Република Македонија, посочи Лашкоска.

Според неа министерот Роберт Алаѓозовски,  од самиот почеток на неговото работење во ресорот наместо да започне да работи во интерес на културата и културните работници, се фрли на политички пресметки и незаконски разрешувања на раководни лица во институциите од областа на културата, без да биде испочитувана законски пропишаната процедура.

Слични содржини