Интерпол распиша потерница по петмина осомничени за настаните во Собранието

од desk2

Петмина државјани на Македонија се бараат со меѓународна потерница на Интерпол во врска со настаните на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.


Како што е објавено на веб страницата на МВР, од денеска со меѓународна потерница се бараат Никола Митревски – Кољо, Александар Василевски – Нинџа, Младен Додески, Деан Давидовски и Митре Питроповски.

Ним им се припишува делото „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ во врска со настаните од 27 април во Собранието.

Досега се бараа само со домашни потерници.
Судот во нивно отсуство им определи мерка притвор, а штом ќе бидат пронајдени веднаш ќе бидат спроведени во Истражниот затвор во Шуто Оризари./МИА

Слични содржини