ИНТЕРВЈУ со ИВО БАРУ : Нема компромис со креативноста!

од Vladimir Zorba

СКАПОЦЕНА СОРАБОТКА СО ВОДЕЧКИОТ РОМАНСКИ РЕЖИСЕР

Иво Бару е дипломиран режисер на националната академија во Букурешт. Режисер download-1на неколку кратки авторски филмови, документарци и асистент по режија на неколку долгометражни играни филмови. Еден од основачите на независната иницијатива Контра Кадар – социјално ангажирано дебатно кино кое веќе три и пол години опстојува во Битола, а од пред половина година е основано и во Скопје,  и е еден од основачите на првиот автономен културно социјален центар кај нас (АКСЦ), независен простор за уметници и активисти. Осма година дел од тимот на фестивалот Браќа Манаки.

Сведок бев, како еден автор има потполна слобода да ја реализира својата креација. Се сеќавам дека една сцена ја снимавме дури два и пол дена. Кадарот беше долг, а во центарот на случувањето беше еден возрасен и многу искусен театарски актер. Мислам дека го преснимавме едно 40 пати. Актерот беше тотално скршен. Кога се враќавме кон хотелот го слушав како со грутка во грлото и вели на жена му – „Јас не сакам повеќе да се бавам со оваа професија“. Некој ќе рече креативен садизам од страна на режисерот, но јас ќе речам – бескомпромисен идеализам, креативен отпор и знаење точно што сака да постигне…

14542610_905263596272107_1137481059_n

Да се биде дел од создавањето на еден исклучителен филм како „Сиераневада“ на водечкиот романски режисер Крити Пују, е навистина голем успех, а во случајов таа среќа ја имаа македонскиот режисер Иво Бару, продуцентката Лабина Митевска и монтажерот Атанас Георгиев.  Во директна комуникација со несекојдневен режисерски ракопис, обемна интернационална филмска екипа, и исцрпувачко снимање, три месеци, Бару даде свој придонес како асистент на режијата на Пују. Филмот беше во компетиција на Канскиот филмски фестивал, а проекцијата на фестивалот Браќа Манаки помина фантастично. Гласни реакции на публиката, која без да трепне проследи трочасовно уживање во овој интелигентен, сложен и автентичен филм. Современа приказна која отсликува речиси триесетина карактери, главно снимена во ентериер на еден стан, прави психолошки пресек на модерното секојдневие преку една неделна семејна средба, што се случува неколку дена по париските терористички случувања,нападот на Шарли Ебдо. Духовото и автентично остварување ( специфична камера  и беспрекорно сценарио) во кое дејствието бездруго и  нема разлика дали се случува во Букурешт или во Скопје.

 

14509434_905263149605485_1533255682_nПроекцијата на Сиераневада, на фестивалот Браќа Манаки помина одлично. Овој исклучително интелигентен, сложен и автентичен филм на режисерот Кристи Пују, одекна во европската кинематографија, иако некои го критикуваат заради времетраењето, но тоа секако не ја намалува  големината на филмот.  Како се случи соработката со Пују?

Бару:  Со еден збор, Лабина Митевска. Ми беше особена чест да бидам дел од екипата на режисерот кој ги постави темелите на новиот романски бран. Сите што работат на филм, ќе потврдат дека нема поголем филмски фестивал во Европа без романски филм во главна компетиција и без да замине барем со една од главните награди. Овој успех на новиот романски бран, според мене, се должи главно на Кристи и неговиот филм„Смртта на г-нот Лазареску“, филм кој и даде насока на романската кинематографија и покажа како треба да изгледа современиот филм. Можете да го замислите моето воодушевување кога ми се јави Лабина да ме праша дали би работел како втор асистент на режија на Сиераневада? Драгоцено искуство во филмскиот свет! Она што го научив низ годините на филмската академија во Букурешт на којашто дипломирав режија, сега сублимирано во три месечно искуство на сет.

Со оглед на тоа што станува збор за многу специфичен автор, каква беше соработката со Пују и целото искуство во процесот на снимање?

 

Кристи Пују е комплетен автор и тој имаше целосна контрола врз сите аспекти на неговото дело. Беше бескомпромисен. Генерално режисерите се под притисок на продуцентите и буџетот, па неизбежно е да се прават компромиси, но во овој случај не беше така. Сведок бев како еден автор има потполна слобода да ја реализира својата креација. Се сеќавам дека една сцена ја снимавме дури два и пол дена. Кадарот беше долг, а во центарот на случувањето беше еден возрасен и многу искусен театарски актер. Мислам дека го преснимавме едно 40 пати. Актерот беше тотално скршен. Кога се враќавме кон хотелот го слушав како со грутка во грлото и вели на жена му – „Јас не сакам повеќе да се бавам со оваа професија“. Некој ќе рече креативен садизам од страна на режисерот, но јас ќе речам – бескомпромисен идеализам, креативен отпор и знаење точно што сака да постигне. При снимањето на сцената, на сет се создаде таква енергија, што во еден момент половина од екипата, вклучувајќи и дел од актерите кои не играа во таа сцена, стоеа позади видео асист, фокусрани на секој детал исо цело битие навиваада успее сцената. Некои се држеа за раце, некои се молеа, некои кршеа прсти, а некој мижеше и само го чекаше коментарот на резисерот по завршувањето на сцената. И кога го изговори тоа судбоносно „E bine (добро е), како бран од позитивна енергија да се прелеа врз целата екипа, па почнаа да се леат солзи радосници, најразлични изблици на задоволство, гушкања и ракувања. Катарза! Понекогаш имав впечаток како Кристи да стоеше спроти целата екипа, што предизвикуваше еден обединувачки елемент во екипата, и имаше доволно енергија да им парира на група од 50 луѓе, од кои голем дел од нив беа најпознатите романски актери. Да им ставиш „узда“ на сите тие уметнички ега не е едноставна работа, а Кристи тоа многу успешно го маневрираше. 

Колку е ова искуство значајно за  еден млад режисер?

Па, за мене, секое одење на сет беше како присуствување на часови по режија. Инаку, предходниот асистент на Кристи Пују – Раду Жуде, со неговото последно дело „Аферим“ ја доби сребрената мечка за режија на Берлинале. Од првиот ден на читачките проби, преку посетата на локациите, до присуството на сет при креирањето на филмот. Видов како сценариото може да биди само појдовна точка од која треба да се развие едно дело кое е збир на енергиите од цела екипа. Имаше многу импровизација, но ниту еднаш не излезе од контрола. Кристи беше како диригент кој вешто го водеше целиот оркестар. Видов како внимателно се одбира секој можен детал во филмот, од како ќе изгледаат чашите, до сликата што ќе стои во трет план. Секој детал има свое значење. Научив дека не треба да се прават компромиси, дури и по цена да пропадне целиот проект. На моменти знаеше да биде многу напорно и тешко, но во ниту еден момент фасцинацијата од работата не беше ставена под знак прашалник. Се сеќавам дека секое сабајле, по пристигнувањето на сет, додека останатите појадуваа или го подготвуваа сетот, ќе го замолев дечкото кој работеше на видео асист да ми ги пушти сцените од предходниот ден. И ги гледав сите „тејка“ и пред моите очи се откриваше една врвна креација. Разликата помеѓу првиот и последиот take беше зачудувачка. Како еден сликар, кој прво ја поставува скицата, а потоа додава и додава, се додека не стигне до крајното решение.

baru

Дали како автор, во натамошната режисерска работа би го следеле овој сложен концепт на филмување, се разбира градејќи автентичен печат, или имате сосема различна желба за визуелизација, режија?

Засега, борбата е да почнам да работам на свој филм. По враќањето од студиите по режија од Романија, два пати аплицирав на нашиот Филмски Фонд, но и покрај неколкуте кратки филмови зад мене со кои учествував на неколку европски фестивали и покрај добиените награди во странство, како и наградата за најдобра режија на студентски филм којашто ја добив на фестивалот „Браќа Манаки“ пред десетина години, некој таму одлучил дека мојот проект не заслужува финансирање. После ова разочарување, престанав да аплицирам, а со тек на време идејата за работа на мој филм се повеќе бледнееше. Во секој случај, имам уште многу леб да јадам за да стигнам да режирам филмови со еден авторски печат како Кристи Пују. Истотака, режијата како и секоја професија, се подобрува преку практикување. Во секој случај, треба да почнам од некаде…

Во случајот со Сиераневада, концептот на копродукција меѓу неколку земји е сосема успешен. Дали сметате дека копродукциите ја олеснуваат работата кога е во прашање формирањето на буџетите?

 

Нашите кинематографии се мали за да можат да издвојат доволно средства за целосно финансирање на едно филмско дело, па оттука се раѓа потребата од ко-продукции. Секако, секоја земја налага свои услови, што понекогаш знаат да бидат хендикеп за работата на авторот. Но, доволно креативен автор може од хендикепите да направи предности. Само ќе спомнам дека хрватската глумица не беше во оригиналната верзија на сценариото, а што резисерот направи со неа, ќе видите во филмот :) На сет бевме неколку Македонци, Хрвати, Французи и мене омилените – Босанци. Имав впечаток дека претставувавме еден вид на освежување во целата екипа главно сочинета од Романци.

Како режисер повеќе би се држеле до авторски филм, односно би снимале само свое сценарио или сметате дека таа работа треба да си ја завршат сценаристите?

На пресот на Манаки спомнав дека постојат режисери и постојат автори. Во изјавата не мислев на автори во смисла, сценаристи и режисери на едно дело, туку повеќе како автори позади чии дела стои некоја визија, без оглед, дали сценариото е нивно или не. За време на моите студии, бев единствениот во мојата класа кој соработуваше со колегите од сценаристика, без разлика дали идејата е моја, нивна, или пак ја развиваме заеднички. Секако, на режисерот му е поблиска идејата доколку таа доаѓа од него, но тоа не треба да значи дека режисерите секогаш ги имаат најдобрите идеи. Треба да сме поотворени кон нашите колеги од сценаристика. Култниот романски филм „Смртта на г-нот Лазареску“ е одличен пример за соработка помеѓу Кристи Пују и сценаристот Разван Радулеску, кој воедно е и ко-сценарист на единстениот романски филм добитник на Златната палма во Кан – „4 месеци, 3 недели и 2 дена“.

Какво е вашето видување на актуелната македонска кинематографија?

Воглавно, локални фраери си играат правење на филмови. Со исклучок на неколку автори како Вардан Тозија и Владимир Блажевски чие следно дело со нетрпение го очекувам. Другите, повеќето си прават филмови за нив и за другарчињата. Показател за тоа се ретките гостувања на македонските филмови на афирмирани светски фестивали, како и слабата посетеност во домашните кина. Имаме недостаток на здрава критика, која ќе оцени што вреди, а што не вреди. Незнам дали ја гледавте „ТВ драмата“ што го затвори Манаки? Би им препорачал на таквите автори да се држат до она што ги бива. Истотака, ќе ја парафразирам изјавата на директорот на Манаки, Благоја Куновски – Доре – доста веќе со епски и историски теми. Дајте актуелни теми. Погледнете што се случува околу вас. Овај дел ми е најтрагичен. Колегите режисери упорно се трудат да направат историски филм со мали буџети, и после гледаш дека изгледаат смешно. Не го спомнав Милчо Манчевски, но тој е веќе во друга лига. Очекувам и од него повторно силен филм!

 

Ана Василевска, новинар и филмски критичар

 

Слични содржини