Инцидент: Руски ловец пролетал покрај авион на САД

од desk2

Вооружен руски воен авион порелетал покрај извидувачко летало на американската војска над Балтичкото Море во понеделник, соопштија надлежните од САД.


Како што пренесува телевизиската мрежа Фокс, повеќе детали за овој инцидент не се соопштуваат.

Во прашање е уште еден од низата инциденти во кои блиска средба имале воени летала на САД и Русија, но овој инцидент се случи истиот ден кога Русија објави дека како одговорн на соборувањето на сириското летало, на небото над Сирија леталата на коалицијата предводена од САД ќе ги смета за мети.
Русија не се огласи по повод овој инцидент.

Регионот на Балтикот последните месеци е точка на која се зголемуваат тензиите на релација НАТО – Русија поради воените вежби од двете страни, разместување на НАТО ракетниот штит, но и собирањето војска од двете страни на границата меѓу западот и Русија.

Слични содржини