Инциденти пред грчкиот Парламент

од desk2

Група демонстранти се обидоа да влезат во дворот на зградата на грчкиот парламент по завршувањето на протестот во центарот на Атина, но беа спречени од полицијата, јави дописникот на МИА од Атина.

Групата успеа да стигне до скалите што водат кон парламентот, но беше запрена од полицијата која откако демонстрантите не се повлекоа употреби солзавец.

Протестот, против новите измени во законот за организирање штрајкови, беше организиран од синдикатот ПАМЕ на Комунистичката партија на Грција (ККЕ),а помина масовно и мирно, со исклучок на малите инциденти пред крајот.

Слични содржини