Ирачката армија го зазеде градот Каијара

од Vladimir Zorba

irak-armija-tenk

Ирачките војска денеска го зазеде стратешкиот град Каијара, со што го расчисти патот за отпочнување на офанзива за преземање на градот Мосул, кој е под контрола на Исламска држава.

Заземањето на Каијара, на 60 километри јужно од Мосул, е нов пораз на ИД.

 Мосул е под контрола на ИД, од средината на 2014 година.

– Силите за борба против тероризмот и локалната полиција успеаја целосно да го ослободат Каијара од ИД, при што загинаа околу 250 џихадисти од различни националности, изјави командантот на службата за борба против тероризмот Абдул Гани ал Асади.

Тој додаде дека племињата од Каијара имаа главна улога во ослободувањето на градот, кои соработуваа со ирачките безбедносни служби, доставувајќи им разузнавачки информации за ИД.

Слични содржини