Ирачката армија упадна во бастионот на “Исламска држава” градот Фалуџа од 3 страни, објави Ројтерс.

Image_5541898_126

Тенкови и артилерија навлегоа и зазедоа клучни пристапни места кон градот, кој се наоѓа само на 50 километри западно од Багдад. Ирачки воени извори најавија дека вистинската битка за Фалуџа дури сега претстои.

Околу 3.000 луѓе успеаја да избегаат пред почетокот на операцијата, но таму се уште има околу 50 000 цивили – заложници на џихадистите.

Ирачките војници се поддржани од воздух од САД. Багдад мобилизира 5.000 лица во операцијата во Фалуџа.

Во меѓувреме, турскиот претседател Реџеп Ердоган ја критикува Русија, Иран и САД за нивното присуство во Сирија и изјави дека неподготвеноста да го соборат сирискиот претседател Башар Асад ги засилува страдањата на сирискиот народ.

“Што работа имаат Русија и Иран во Сирија? Што работа имаат таму војници на САД, облечени во униформи со амблеми на една терористичка организација?”, рече Ердоган. Тој алудираше на слики на US војници во униформи со амблеми на курдските сили за заштита на народот, кои Анкара ги нарекува и ги води за терористи.

Слични содржини