Ирачкиот Врховен суд го прогласи курдскиот референдум за неуставен

од desk2

Врховен суд на Ирак го прогласи за неуставен референдумот за независност на Ирачки Курдистан, спроведен во септември.


Со одлуката на Врховниот суд „се поништуваат сите последици од референдумот и неговите резултати“, стои во соопштението на Судот.

Ирачката Влада го постави поништувањето на референдумот како предсуслов за почнување дијалог.

Курдските власти одбиваат да се откажат од резултатите на рефернедумот, на кој мнозинството од гласачите се изјаснија за независност на Ирачки Курдистан.

Слични содржини