Ирачките Курди почнаа нова офанзива кон Мосул

од Vladimir Zorba

kurdi-borci-860x680

Силите на ирачките Курди денеска почнаа нова офанзива во рамките на големата операција која ирачката војска заедно со нив ја спроведува за ослободување на градот Мосул од милитантите на Исламска држава, јавуваат светските агенции.

Курдските сили, познати како „пешмерга“, соопштиле дека денеска почнале офанзива на два фронта во правец на североисточниот дел на Мосул и во близина на малиот град Башика.

Во офанзивата на Мосул учествуваат повеќе од 25.000 припадници на ирачките копнени сили, како и авиони и советници на меѓународната коалиција, предводена од САД.

Проценките се дека ќе бидат потребни недели, па дури и месеци, за милитантите на ИД да бидат истерани од Мосул, кој е втор по големина град во Ирак и последно упориште на групата во земјата./Мета

Слични содржини