Ирачките сили во Мосул ги предупредија припадниците на ИД: „Предајте се или умрете“

од desk2

Ирачките сили денеска навлегоа длабоко во Стариот град на Мосул во рамките на завршниот напад на последните делови на градот што се под контрола на екстремистичката група Исламска држава.


Ирачките сили вчера започнаа офанзива за преземање на Стариот град, предупредувајќи ги цивилите да останат во своите домови, а на екстремистите им порачаа „да се предадат или да умрат“.

Командантите на ирачките сили наведоа дека екстремистите даваат силен отпор, а постои и стравување за безбедноста на повеќе од 100.00 цивили, за колку се верува дека се заробени во Стариот град.

Офанзивата за преземање на Мосул, најголемото упориштето на ИД во Ирак, започна на 17 октомври минатата година со поддршка на меѓународната коалиција предводена од САД.

Слични содржини