Ирачките владини сили влегоа во центарот на градот Киркук – три седмици по референдумот за независност на ирачки Курдистан

од desk4

Ирачките владини сили навлегоа во центарот на градот Киркук, откако претходно зазедоа клучни позиции во предградието, објави ББС. Пред неколку часа, судирите се случија јужно од градот лоциран во северниот дел на земјата.

Офанзивата е започната три седмици по референдумот за независност на ирачки Курдистан. Иако Киркук не беше дел од автономниот регион, жителите на градот имаа право да гласаат.

Ирачките власти го прогласија референдумот за незаконски и истакнаа дека нема да дозволат поделба во Ирак. Ирачките соседи, како и меѓународната заедница, исто така се изјаснија против референдумот за независност на Курдите.

Турската армија натрупаа војска неколку дена пред гласањето, давајќи сигнал дека нема да дозволи независна територија на Курдите во близина на својата граница. Градот Киркук има стратешко значење како за курдските милиции, така и за владините сили на Багдад. Регионот е богат со нафта, потсетуваатагенциите во светот.

Слични содржини