Ирачанка готвела глави на терористи

од desk3

“Јас се борев со нив. Јас им ги отсеков главите. Ги зготвив нивните глави. Ги изгорев нивните тела. “Тоа го раскажува иракчанка, постојано напаѓана од терористи и прогласена од” Исламска држава “за најбарана жена.

image_5786750_126

39-годишната Вахид Мохамед, подобро позната како Ум Ханади, води милиција од околу 70 мажи во реонот на градот Ширкат, кој се наоѓа на 80 километри јужно од Мосул, раскажува CNN. Додека се среќава со репортерот на телевизијата, таа им кажува на подредените да замолчат (веднаш ја исполниле заповедта). Ум Ханади секогаш со себе носи 9 мм пиштол “Берета”. Таа и нејзините мажи, дел од племенската милиција, неодамна им помогнале на владините сили да ги потиснат терористите од Ширкат. Во машкиот свет во Ирак жените борци се реткост. “Јас сум најбараниот човек во нивната листа со најбарани луѓе”, се фали Ум Ханади и забележува: “Дури и повеќе од премиерот на Ирак”. Започнала да се бори со терористите во 2004 година, работејќи со ирачките сили за безбедност и коалицијата.

Слични содржини