Иран: Над 360 лица се повредени како последица од истекување на хлор

од Vladimir Zorba

Над 360 лица се повредени како резултат на протекување на хлор во западниот ирански град Дезфул, јави ТАСС.

Медицинска помош побарале 362 лица со симптоми на труење како респираторни и други проблеми.

Американските медиуми јавија дека 30 лица се задржани во болница, а останатите се пуштени на домашно лекување.

Според неофицијални информации, хлорот истекол од резервоари во напуштен магацин на локалната комапнија за водоснабдување.

Слични содржини