Иранскиот претседател Хасан Роухани остро го осуди смртоносните напади во Париз, ги опиша како “злосторства врз  човештвото”.

0000283177-article2

“Во името на иранскиот народ, кој сам бил жртва на тероризам, јас остро ги осудувам овие злосторства против човештвото и изразувам моите сочувство на ужалените Французи и француската влада”, напиша Роухани до францускиот претседател Франсоа Оланд.

Во меѓувреме стана јасно дека Ангела Меркел ќе даде изјава за новинарите утрово во 9 часот германско време во врска со терористичките акти во Париз. Ова го соопшти денеска германското кабинетот на канцеларката, цитирано од агенциите.

Локалните експерти истакнуваат дека терористичките акти во Париз неизбежно ќе предизвикаат дискусија во Германија за зајакнување на мерките за безбедност.

Телевизија ARD сепак соопшти, повикувајќи се на официјални извори  дека засега не се планирани  да се преземат какви било мерки.

Слични содржини