Ирина Шејк ја повика мајка си Олга на помош

од Vladimir Zorba

По раѓањето на првото дете Ирина Шејк се врати и кон работата. Затоа ѕвездата ја повика на помош тешката артилерија – својата мајка Олга.

Жената се смести во домот на Ирина и Бредли Купер и посветува цело време во грижа за внуката, пишува OK Magazine.

“Ирина и бебето се чувствуваат прекрасно. Нејзината мајка е во градот и исто така се грижи за малата. Бредли останува близок со Ирина по појавата на нивното дете “, пренесе извор за весникот.

Освен тоа пријатели на двојката ги демантираа информациите за конфликт во семејството. По нивни зборови тие дури се сплотени уште повеќе. Според нив, Ирина и Бредли не можат да поверуваат колку се среќни.

Во исто време Купер е и прилично зафатен околу снимањето на филмот “Се роди ѕвезда”, каде се здружи со Лејди Гага. Фотографи успеаја да фатат дека за улогата пејачката ја променила и бојата на косата.

Лејди Гага со Бредли Купер за време на слики. Фото: OK Magazine

Слични содржини