Ирскиот филм „Вива „ на Педи Бретнах- топлокрвна приказна за животот на еден геј фризер

од Vladimir Zorba

 

На програмата на Скопскиот филмски фестивал,вчеравечер беше проекцијата на  филмот „Вива„ кој е  прв ирски филм што влезе во потесна конкуренција за „Оскар од неанглиско  говорно подрачје„ и кој ја оправда таа чест.

Снимен е во Куба и се одвива во сиромашните населби во Хавана. Пери Бретнах успева оваа по малку мелодраматична приказна да ја направи изненадувачки трогателна, на ист начин како што прави сиромашните населби во Хавана да изгледаат парадоксално убаво.Исус е младо геј момче  кој е професионален фризер и кој работи фиксирање на перики за „кралицата„сопственикот на еден локален ноќен клуб,каде настапуваат бучните , раскарани диви-травестити.На крајот и Исус добива шанса да настапува во тој клуб ,  пее на сцената облечен во фустан ,каде се покажува дека е многу талентиран.

Исусовата мајка е мртва. Неговиот татко убил човек, и бил во затвор 20години.Заплетот почнува кога неговиот татко се враќа. Ангел кој го игра Хорхе Перугорија , е виситински мачо ѕвер наспроти неговиот син кој е нежно, кревко момче, помалку слабо и феминизирано.Културата на мачоизмот е присутна наспроти Исус и  сопственикот на клубот кој претставува блескава опозиција и кралица на еден убедлив свет кој успева да го завземе.Приказната е многу силна и ја помрднува публиката емотивно.Секоја  претстава  во клубот   маѓепсува благодарение на фантастичната музика и извонредната емоционална ранливост на разните забавувачи.Потресни се сцените кога младото момче притиснато од егзистенцијата го продава своето тело на постарите сомнителни геј мажи за да обезбеди храна за себе и својот болен од пнеумонија татко, кому му се одброени деновите. Трогателна  социјална приказна, топлокрвна и болна до коска.„Вива„ е името под кое настапува Исус во клубот, ѕвездата во која се трансформира момчето од слабо и кревко во моќна клупска ѕвезда која ги става под нозе посетителите на тој ноќен клуб.„Вива„ е успех од сите страни. Со такви бои се насликани протагонистите на овој филм што во вас буди едно длабока емпатија кон припадниците на ЛГБТ популацијата. Филмот има една прекрасна хуманистичка порака дека не се силни само оние кои на прв поглед ја манифестираат силата, туку силата може да биде и во оние кои се навидум слаби и кревки, еден оксиморон кој изненадува и вчудоневидува.

Светлана Вељановска

Слични содржини