Исхрана и диета според хороскопскиот знак: Бик

од Vladimir Zorba

Претставниците на знакот Бик се вистински гастрономи. Тие имаат огромен апетит и знаат како да уживаат во храната. За нив цената и количината се ирелевантни, бидејќи држат на квалитетот. Фино подготвената храна целосно може да ги задоволи нивните вкусови и претензии.

Меѓу нивните омилени се колачите, тестенини и убавиот леб. За време на оброк за Бикот е многу важно да се наоѓа во мирна и пријатна атмосфера. За родените под овој хороскопски знак е многу тешко да разликува храната од емоциите. Затоа тоа често води до проблеми со тежината.

Корисна храна која е добра за Биковите да ја вклучат во менито се јаболка, авокадо , банани, капини, цреши, праски, круши, сливи, малини,  јагоди. Од зеленчукот почесто треба да јадете грашок, спанаќ, домати. Добро е да додадете во менито и јачмен, пченка, овес, ‘рж, пченица, бахар, босилек, црн пипер, ким, коријандер, кари, копар, лук, ѓумбир, рен, нане, синап.

Биковите треба да ја избегнуваат храната, содржат јаглехидрати, кои имаат многу калории, го зголемуваат апетитот и немаат речиси никакви хранливи вредности.

Споделуваме пример дневно мени кое содржи околу 2000 калории. Може да го следите една недела или подолго време, кога сакате да ја намалите телесната тежина.

Пример план 1
Појадок – 1 чаша јогурт со суво грозје и житни трици
Ужина пред ручекот – 1 јаболко или неколку зрна грозје
Ручек – пилешки стек на скара, 150 г варен ориз
Ужина – 1 чаша боровинки
Подоцнежна ужина – 1 банана + 1 лажица путер од кикирики
Вечера – 2 интегрални тоста + 1 пилешки стек на скара

Пример план 2
Појадок – 1 чаша варени овесни снегулки, кон кои ќе додадете неколку сурови бадеми, суво грозје и чаша нискомаслено млеко
Ужинапред ручекот – 1 јаболко, 1 чаша нискомаслен јогурт
Ручек – 1 пилешки стек на скара, динстан спанаќ, 1 парче пченкарен леб
Ужина – 30 г сурови ореви
Подоцнежна ужина – 1 чаша свеж сок од портокал
Вечера – пилешки стек на скара или риба, зеленчукова салата овкусена со лимон и маслиново масло, 150 г варен ориз или динстана брокула

Слични содржини