Специјалистите сметаат дека  исхраната според крвната група, може да ни помогне да живееме подолго и да бидеме здрави. Која храна е добро да ја избегнуваме и на кои да ставиме акцент?  b618b4fc328073283f5b195b1ca843e6

Нулта крвна група

Луѓето родени со нулта крвна група се енергични и имаат одлични лидерски квалитети. Обично имаат голем апетит кон месото. За нив се препорачува да консумираат повеќе протеини, како пилешко месо, риба, ореви.

Грав, житарици и млечни производи, треба да се консумираат во умерени количини. Ако сакате да бидете секогаш во добра форма, потенцирајте на морските плодови, црвено месо, спанаќ и брокула. Добро е да се избегне  брашното во бела боја, пченка, леќа и зелка, како и да внимавате со количините сол со која се зачинува храната.

Крвна група А

Луѓето со крвна група А, имаат тенденција да имаат почесто дигестивни проблеми и преферираат вегетаријански начин на исхрана. За нив, особено корисни се зрнестата храна, житарици, овошје и зеленчук. Убаво е во секојдневниот план за  исхрана да вклучувате соја, ананас, зрна.
Кога сакате да се разделите со вишокот килограми, треба да го избегнувате црвеното месо, млечни производи, бело брашно. Добро е да внимавате и со потрошувачката на пилешко месо и риби, бидејќи произведувате помалку ензими за апсорпција на месото.0bd5052e8b12f379bfbc31d3f1198441

Крвна група Б

Родените со крвна група Б, сакаат да јадат црвени меса, како телешко, јагнешко месо, дивеч. Убаво е во менито да вклучат и повеќе јогурт, сирење, но најмногу место во чинијата треба да предвидат за лиснат зеленчук и секакви други, како и овошје (како банани, грозје, сливи).

Добро е да се избегне потрошувачката на пченка, ‘рж и пченица и ореви, како кикирики, сончоглед и сусам, бидејќи тие имаат тенденција да се промени начинот на кој храната се метаболизира во телото.

Крвна група AB

Ако вашата крвна група АБ е, задолжително да обрнете внимание на потрошувачката на месо. Телото ви е подготвено да ги претвора не толку во енергија, колку во непотребни маснотии. Затоа во менито вклучете повеќе млечни производи и овошје како цреши, лубеница, смокви.
Се препорачува еден или два пати неделно да јадете и морски плодови и лосос, туна, како и сите други риби, кои ви се омилени.

Слични содржини