Многумина во Германија стравуваат дека со илјадниците сириски бегалци во земјата ќе пристигнат и џихадисти. Според експертите, ова стравување е неосновано. Вистинската опасност доаѓа од исламистите кои се веќе во Германија.

4396888

Веќе во јуни парламентарната комисија, за контрола на  германските тајни служби, ги испитува шефовите на службите за потенцијалната опасност од исламистички терористи меѓу бегалците. Такви информации нема, рече тогаш Герхард Шиндлер, шеф на германското  надворешно разузнавање БНД.

Пред неколку дена Шиндлер го потврди своето мислење во интервју за “Билдцатунг”. Шефот на БНД смета дека е малку веројатно потенцијални џихадисти да го изберат овој тежок, бавен и несигурен начин за доаѓање  до Германија. “Ако сакаат да дојдат во Германија, за нив е многу полесно да набават украден или лажен пасош и да се качат на авионот”, вели тој во интервјуто. Вистинската опасност доаѓа од друго место. Таа  потекнува од Европа,  џихадисти кои се враќаат во Германија и во други европски држави, откако војувале по фронтовите на Блискиот Исток.

Во Германија според официјални податоци тоа се веќе 730 луѓе, но нивната реална бројка веројатно е многу поголем. За сите држави од ЕУ вистината е неколку илјаддна бројка. Многумина од нив поседуваат редовни документи од земји во ЕУ и можат да влегуваат и да излегуваат без воопшто да бидат забележани. Под надзор се само оние за кои службите сметаат дека би можеле да извршат напади. Во последните денови шпанските безбедносни служби соопштија дека по преземањето на неколку градови во Сирија “Исламска држава” се здобила со стотици бланко сириски пасоши. Различни медиуми ја раширија  и веста дека меѓу бегалците имало околу 5 000 џихадисти од “Исламска држава”, но докази за ваквите тврдења се уште нема. Многумина набљудувачи сметаат дури и дека тие се дел од пропагандата на “Исламска држава”, која сака да ги заплаши Европејците. И дека вистинската опасност за Европа доаѓа токму од европските исламисти, а не од “лажните бегалци”. Тоа се потврдува  во обидите во последниве недели и месеци. Атентаторите од Париз, од Брисел и од возот меѓу Париз и Амстердам беа или радикализирани   европски муслимани или пак европски џихадисти, кои се вратиле од боиштата во Блискиот Исток. Службите се свесни кои се овие луѓе. Вниманието ни треба да се фокусира токму на нив “, вели германскиот пратеник Клеменс Бинингер кој внимателно го набљудуваат развојот на настаните. Проблемот сепак е во тоа што таквите исламисти речиси не можат да бидат одговорни. Германските власти не можат едноставно да ги уапсат, дури и да се сомневаат дека тие планираат нешто. Повратниците во Германија џихадисти обично доаѓаат во контакт со мрежата на салафитите во земјата, со која се комуницирале и пред да одат на фронт.

Германските тајни служби набљудуваат и нов тренд: салафитите се почесто се обидуваат да навлезат во засолништата за бегалци. А тоа е вистински проблем. “Мора многу да внимаваме, бидејќи овдешните исламисти и салафити може да се обидат да ги искористат предностите на очајот на бегалците и да ги остварат  своите фанатични идеи”, вели пратеникот Клеменс Бинингер. / АРД

Слични содржини