При нападите во Брисел беа убиени над 30 лица, а околу 200 се повредени.

терорТерористичката група “Исламска држава” има подготвено меѓу 400 и 600 борци кои вршат терористички напади во Европа, слични на оние во Белгија и Франција. Според извори на АП “во ИД се обучени  минимум 400 борци, за да остварат серија смртоносни напади во Европа, а исто така и да создадат меѓусебно поврзани терористички ќелии слични на оние со помош на кои беа извршени нападите во Брисел и Париз. На екстремистите, бројот на кои може да достигне 600, им биле дадени заповеди да го изберат времето и методите за вршење на нападите, за да има што е можно повеќе жртви. Повикувајќи се на претставници на европските и ирачките разузнавачки служби, АП забележува дека ИД има кампови во Сирија, Ирак и можно во земјите од поранешниот советски блок. во нив борците се подготвуваат за напади против Западот. Еден од соработниците на службите за безбедност во ЕУ за АП изјави дека на раководните позиции во голем број такви ќелии се лица кои зборуваат француски, со врски во Северна Африка, Франција и Белгија. Тие се одговорни за развој на стратегијата на спроведување на атентатите во Европа. Биографии кои влегуваат во овие терористички мрежи, според него, се обучувани на тактика за водење на борбени дејства, ракување со експлозиви, техники на следење и извлекување од следење. Разликата со ситуацијата во 2014 година е во тоа што некои од овие борци тогаш биле обучувани само за неколку недели, вели изворот. “Сега ситуацијата е променета. Се создаваат специјални единици кои се тренираат подолго. Имаат  задача не да убиваат што е можно повеќе луѓе, туку  да вршат  многу терористички операции. Така, според него, властите се принудени да трошат повеќе средства и човечки ресурси за да се спротистават на атентаторите.

Во јуни 2015 година турските власти уапсија, а подоцна депортираа едно од лицата кои стојат зад атентатите во Брисел, при што загинаа 31 лица “, изјави турскиот претседател Реџеп Ердоган. “Еден од напаѓачите на Брисел беше уапсен во Газиантеп во јужниот дел на Турција, во близина на сириската граница и потоа депортиран за Белгија”. Турција не го  депортираше  во Белгија сторител на терористичкиот напад во Брисел, изјави од своја страна претставник на белгиската федерална обвинителство. “Обвинителството го негира тврдењето дека еден од извршителите на атентатот бил депортиран од Турција”, изјави претставникот на обвинителството.download (83)

Бриселскиот бомбаш Ибрахим Бакрауи бил депортиран во 2015 година од Турција во Холандија, а не во Белгија, соопшти подоцна белгискиот министер за правда Коен Геенс. “Станува збор најверојатно за протерување од сириската граница. Во овој момент тој човек не ни беше познат како осомничен за тероризам. Тоа беше обичен криминалец, ослободен условно “, изјави Геенс во етерот на телевизија ВРТ.

Вториот бомбаш-самоубиец, кој се разнесе на аеродромот во Брисел, е идентификуван како Наџи Лахрауи, соопштија полициски извори. Белгиските обвинители порано идентификуваа Ибрахим Баркауи како другиот напаѓач на аеродромот и најавија дека третиот чии појас не експлодирал, се бара. Братот на Ибрахим – Халид е сторителот на самоубиствениот бомбашки напад на метро станица “Маалбек”. Убиениот за време на операцијата на 15 март од белгиската полиција во бриселскиот кварт “Моленбек” Мохамед Белкаид во текот на неколку години живеел во Шведска. Белкаид пристигнал во Шведска во 2010 година Таму тој се оженил за шведска државјанка и по година добил шведско државјанство. Тој се населил во предградието на Стокхолм Место каде се водел по адресар регистрација до моментот на смртта во Белгија. Според податоците на полицијата тој имал досие за голем број ситни злосторства, поконкретно – кражби и прекршување на законот за поседување ножеви. Во 2014 година Белкаид отишол во Сирија, за да се приклучи на милитантната џихад организација “Исламска држава”. Неговото име е присутна во листа на терористи, предадена од поранешен борец на ИД на британскиот ТВ канал “Скај њуз”. Според овој документ Белкаид се согласил да стане бомбаш самоубиец. Во почетокот на декември тој е баран со  меѓународна потерница под сомнение за учество во терористичките напади во Париз, при што загинаа 130 лица. Овие информации се појавија откако белгиската полиција објави информации за терористите, кои организирале напади во белгиската престолнина, пишува електронското издание “Дагенс нјухетер”. Штабот во белгиската престолнина, каде што за време на освојувањето на белгиската полиција беше застрелан 35-годишниот Мохамед Белкаид, Алжирец по потекло, беше ангажиран од едниот од браќата бомбаши Бакрауи. Во неа полицијата откри траги од ДНК на организаторот на нападите во Париз Салах Абдеслам. Сето ова говори дека Мохамед Белкаид бил поврзан со терористите, виновни за нападите во Париз и Брисел.images (47)

Како резултат на терористички напади 31 лица загинаа, а околу 300 се повредени, соопшти белгиското Министерство за здравство. Од повредените 150 лица се уште се во болница, а 61 од нив се во многу тешка состојба на интензивна нега. Лекарите велат дека раните на сериозно повредените се “како по војна”. Речиси десет Американци се меѓу повредените во нападите во Брисел, но за сега нема извештаи за загинати граѓани на САД. Сеуште во Вашингтон немаат вести за  американски државјани – вработени во  дипломатски претставништва во белгиската и европска престолнина Брисел. “За сега знаеме само дека речиси десет американски државјани се повредени во нападите”, изјави портпаролот на Стејт департментот Марк Тонр.

Слични содржини