“Исламска држава” објави на интернет заканувачка порака за Русија и претседателот Владимир Путин.

Image_5020786_407

Приврзаниците на “Исламска држава” пуштија слика со разурнувања на “Црвениот плоштад”, еден од симболите на Москва и Русија. Оваа слика, како и фотографија со црквата “Св. Василиј Блажени”, е наведена како цел и има за цел Русија да биде заплашена.

Под сликата џихадисти испишале “Смрт за Путин. Доаѓаме наскоро”. Пораката на Твитер беше објавено од Рита Кац, директорка на компанијата “SITE”, специјализирана за анализа на пораки на терористи.

“SITE” ги следи многу внимателно сите пораки на “Исламска држава”. Денес руската борбена авијација изврши последователни напади врз позициите на “Исламска држава” во Сирија.

Слични содржини