“Исламска држава” користи средновековни бомби полни со живи скорпии

од desk3

Терористи од групата “Исламска држава” ја подготвувале заштитата на ирачкиот град Мосул со користење насредновековието бомби полни со живи скорпии, соопшти членот на Демократската партија на Курдистан Хошави Бабакр.

isis-scorpion-main

Бабакр наведува дека џихадисти ставале експлозиви и на домашни животни.

Во меѓувреме ирачките сили “напредуваат побрзо од очекуваното” кон Мосул, изјави ирачкиот премиер Хајдер ал Абад на видеоконференција пред меѓународен форум за иднината на Мосул.

Присуствуваат претставници на околу 20 земји, меѓу кои се САД, Турција, Иран, земјите од Заливот и членките на ЕУ.

Денешните разговори ќе бидат следени од нова средба во Париз идниот вторник, кога министрите на земјите вклучени во меѓународната коалиција, ќе проценат што е постигнато досега во офанзивата против Мосул.

Слични содржини