Многу се изворите, благодарение на кои “Исламската држава” брзо стана најбогатата во историјата терористичка организација. Се смета дека таа заработува околу 1,5 милијарди долари годишно. Ова и овозможува не само да ги плаќа платите на платениците кои ги користи како камикази, туку и да обезбедува логистика на нападите кои ги организира во светот.

ид1-690x400

Нафта

Колку пари заработуваат џихадистите од продажбата на нафта, е тешко да се каже. До почетокот на август тие располагаат со 6 од вкупно 10 нафтени полиња во источна Сирија и со 7 нафтени полиња и една рафинерија во северен Ирак.

При нормални услови само од изворите од Ирак ИСИС би земала по 80 илјади барели нафта дневно според пресметките на институтот “Брукинг” во Доха. За споредба – едно од најбогатите емиратства – Брунеи, продава само два пати повеќе. Всушност сепак ИСИС успева да продаде со помош на локалните фирми и производители само дел од нафтата, со која располага, при тоа по значително пониски цени од пазарните – 100 долари за барел.

Image_5126425_128

Институтот “Брукинг” смета дека од секој барел, продаден на црниот пазар, терористичката организација зема меѓу 25 и 60 долари.

“Тие се поддржани од бројни картели, заинтересирани за овој вид сомнителни бизниси”, вели Луаи ал Хатееб од Институтот за Си Ен Ен. “Станува збор за добро разработена мрежа, која се протега во три држави”. Тоа се Турција, Сирија и Ирак.

Даноци и рекетирање

Освен од нафта џихадистите заработи од уцена и од даноци. За разлика од сите други терористички организации, тие се организирале во нешто што се нарекува државна структура. Располагаат и со огромна територија. Околу една третина од Сирија и една третина од Ирак со неколку милиони жители се под нивна власт, а граѓаните треба да плаќаат даноци и пари за одбрана. Само во Мосул – вториот по големина град во Ирак, кој џихадистите го наследија во јуни, приходите од “даноци” изнесуваат 8 милиони долари месечно. Често граѓаните во освоените територии продолжуваат да земаат плата од власта во Багдад и Дамаск, од неа тие плаќаат 10% данок на терористите. Фирмите исто плаќаат данок, ако сакаат да се во територија на “Исламска држава” и да платат еднаш, наместо постојано да ги ограбуваат најразлични терористички милиции.

Киднапирања

Од киднапирани граѓани на странски држави исламистите заработуваат сериозни суми. Ако земјите на овие луѓе не сакаат да платат откуп, заложниците ги обезглавуваат, а видео со убиството се шири на интернет.

dzhihadistite-egzekutiraa-21-egipetski-hristijanin-vo-egipet-7-dena-zhalost-229772

Мит

“Исламска држава” наметнува должност на секој кој сака да помине низ нејзината територија. Возачите на автобуси и на камиони исто како фирмите мора да платат за да бидат заштитени од напади.

Продажба на културно наследство

Друг извор на парите е од продажба на археолошки вредности. Од нив исламистите заработија двоцифрен милионити износ. Овој приход стана веќе толку сериозен што тие си имаат и Министерство за археолошките вредности, што дава посебни лиценци на ловци на богатство, за да ја контролира продажбата на нивните наоди и историските светски вредности.

Насилна проституција и ропство

Џихадисти киднапираат друговерци и продаваат дел од нив како робови или проститутки. Илјадници језидски жени и деца ја имаат оваа судбина.

Терористите набавуваат средства и од грабежи на пари и домови на свои непријатели.

Според Мона Алам од институтот “Карнеги” годишните приходи на “Исламска држава” се меѓу 1,4 и 1,5 милијарди долари. Но освен добри приходи, терористичката организација има и сериозни трошоци. Најмногу за војската – таа има меѓу 50 000 и 240 000 борци. Држењето на освоените територии во нивна власт исто така чини пари. Во Раки кој се води како неофицијална престолнина на “Исламската држава”, пред војната живееја околу 1 милион лица. Постојат училишта, болници и инфраструктура. Сето ова е уништено од битките и се опоравува. Само за сириската територија ИСИС потрошила во 2014 година над 8 милијарди долари за плати, субвенции и храна.

Се смета дека “Исламската држава” може да биде поставена на колена барем финансиски, ако и се одземат нафтените бунари. Во август курдски и американски воени сили успеаја да вратат на Ирак две нафтени полиња и џихадистите изгубија до 20 000 барели на ден.

Слични содржини