Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот во Русија

од desk2

Исламската држава соопшти дека напаѓачот кој денеска бодеше луѓе со нож во рускиот град Сургут е нивен член, објави информативната агенција Амак, поврзана со Исламската држава.

Истражителите соопштија дека напаѓачот ранил седуммина луѓе пред да биде застрелан од полицијата. Првично беше соопштено дека биле избодени осум луѓе. Истражниот комитет информира дека напаѓачот е локален жител роден во 1994 година и дека се истражуваат „неговите можни психијатриски нарушувања“.

Регионалното Министерство за внатрешни работи соопшти дека властите не се сомневаат во тероризам, објави новинската агенција Интерфакс.

Сургут е центар на сибирската нафтена индустрија. Во градот кој е на 2100 километри североисточно од Москва живеат околу 300 илјади луѓе.

Исламската држава ја презеде одговорноста и за терористичките напади во Шпанија на 17 август во кои загинаа 14 луѓе.

Слични содржини